Храбрата Џирона ја порази Барса, Реал е нов лидер во Примера

84
фото: Girona FC (X)

Фудбалерите на Џирона го приредија изненадувањето на колото и со 2:1 ja совладаа екипата на Барселона. Со овој пораз на Барса, Реал го превзеде врвот во Ла Лига и сега има +2 пред својот главен ривал за титулата.

Барса подобро го отвори натпреварот и имаше неколку добри шанси, но Џирона исто така играше добро и му зададе маки на голманот на Барса, Жоан Гарсија. На крајот на првиот дел Барса доби пенал кој Ламин Јамал не го искористи и ја погоди стативата. Во второто полувреме гостите поведоа со голот на Кубарси во 59-тата минута, а само три минути подоцна Џирона изедначи преку Лемар. До крајот на мечот Барса притискаше, но во 87-та минута Фран Белтран постигна убав гол и донесе победа за својот тим. Во самиот финиш на натпреварот Жоел Рока доби црвен картон за еден остар старт над Јамал.

Со овој триумф Џирона се искачи на 12-тото место со 29 бода, а Барса се наоѓа на второто место со 58 бодови.

ПретходноНови главоболки за Артета: Се повредија Вајт и Калафиори
СледноИОК мета на напади поради продажба на маици со „фашистички мотиви“ од Игрите во 1936-та