Ако испадне од Премиер лигата на Тотенхем ќе му се случи финансиски крах!

367

Тотенхем би можел да изгуби десетици милиони фунти ако испадне од Премиер лигата или не успее да учествува во европските натпреварувања.

По 26 натпревари, Спарс се наоѓаат на 16-то место во Премиер лигата, пет бода над зоната за испаѓање. Доколку лондонскиот клуб заврши во Чемпионшип, некои спонзори ќе имаат право еднострано да ги раскинат договорите со Тотенхем , тврди „Телеграф“.

Договорот на клубот со еден од неговите водечки комерцијални партнери истекува ова лето и постојат сомнежи дека ќе биде обновен. Тотенхем, исто така, ќе ги изгуби профитабилните спонзорски бонуси доколку не успеат да учествуваат во европските натпреварувања следната сезона.

Финансиската состојба е под влијание и на фактот дека лондончани сè уште не го продале името на стадионот, чија изградба чинеше 1 милијарда фунти.

ПретходноАлушовски: Висла е еден од најдобрите тимови, но ние сме конкурентни против секого!
СледноБашкими го совлада Пелистер на свој терен (ВИДЕО)