Во Барселона бесни на судиите: Голот не смееше да биде признаен! (ВИДЕО)

565

Барселона синоќа загуби од Џирона со 2-1 на гостински терен во 24-то коло од Ла Лига, но голот кој домашните го постигнаа за победа беше исклучително дискутабилен.

Нова судиска контроверзност центрирана околу Барселона се случи при израмнет резултат 1-1. Во средината на нападот на Џирона, Жил Кунде падна на теренот откако беше нагазен од Ечевери. Судијата Сото Градо не ја запре играта, и додека францускиот дефанзивец се превиткуваше од болка, топката стигна до Фран Белтран, кој постигна гол со прецизен удар од работ на шеснаесетникот и му донесе водство на домашниот тим.

Играчите и клупата на Барселона гласно протестираа, барајќи преглед на контроверзниот старт врз Кунде. Сепак, судијата ги игнорираше нивните барања, а од ВАР собата, каде што беше Давид Галвез, немаше сигнал. Сото Градо гестикулираше да објасни дека контактот бил минимален, додека Кунде сè уште лежеше на земја. Голот беше признат што предизвика гнев во редовите на Барселона.

Снимките од стадионот покажаа дека напаѓачот на Џирона навистина го згази одбранбениот играч на Барселона.

ПретходноТоти се враќа во Рома: Во преговори сме!
СледноТајсон vs. Мејведер – битката на великаните во април!