Актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Шкендија в четврток на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 21:00 часот го игра првиот дуел од нокаут фазата од плеј офот во Лигата на Конференции против турскиот претставник Самсунспор.
Ова за мак фудбалот е историски момент, затоа што Шкендија е првата екипа која што „презимила“ што се вели во Европа, откако и повеќе од добро го одигра групниот дел од Лигата на Конференции.
Шкендија секако дека оди по нов историски успех во овој двомеч, од кој што првиот дуел ќе мора да го одигра без двајца клучни играчи.
Тоа се Александер Трумчи и Лиридон Љатифи, кој што имаат жолти картони и ќе мора да паузираат.
Сите останати се во строј и подготвени за настап на овој голем меч за тетовци.










