Адем Мекиќ: “Ова е исклучително важна победа за нас!“

123
ФОТО:mkd.basketbal

Многу извесно, тројката која Адем Мекиќ ја реализира во моментите на одлука на гостувањето кај Азербејџан, ја потврди четврттата победа на машката сениорска репрезентација на Македонија во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година.

Претходно и тој се стави во служба на колективот кој успеа да анулира негатива од 18.поени, и да дојде до посакуваната цел – двата бода на гостувањето во Баку.

Ова е исклучително важна победа за нас бидејќи, реално, не припаѓаме во ова друштво и мораме тоа да го докажеме на теренот“ потенцираше Мекиќ и продолжи:

Влеговме во грч, не отворивме како што посакувавме, едноставно ни недостасуваше енергија. Од друга страна, домаќинот, понесен од поддршката од трибините, почна силно, агресивно и брзо направи висока предност. Како што одминуваше времето, се навикнавме на играта, го свртевме резултатот во наша корист и ние го диктиравме темпото.

Да бидам искрен, малку опуштено влеговме во мечот. Можеби не залажа фаворитската улога и убедливата победа на домашен терен, но добро е кога добро ќе се заврши. Се надевам дека ова е клучна победа во овие претквалификации и дека конечно ќе продолжиме напред“ заклучи нашиот репрезентативец.

ПретходноВМФЛ: Скопје ја расплака Шкендија (А), пораз и на Охрид, Брегалница само до бод
СледноГеорг Стојановски со гол во 90.минута му донесе победа на својот Спартак! (ВИДЕО)