Европска ноќ од соништата – Вулканот „еруптираше“ (ФОТО)

614

Вардар 1961 ја покажа својата класа и одигра одлично второ полувреме за победа против Бенфика од 33-27 и заверка на осминафинале во Европската Лига. „Црвено-црните“ ја добија посакуваната поддршка од трибините, СЦ „Јане Сандански“ беше исполнет, а атмосферата неверојатна, ракометарите играа по нотите на своите фанови, беше вистинско уживање на сите.

Едноставно „вулканот еруптираше“ и на трибините и на теренот…На Вардар 1961 му остана уште еден меч, гостувањето кај Мелсунген каде може да завери четвртфинале.

 

ПретходноБарса не успеа: Каталонците дојдоа до 3:0, но Атлетико оди во прво финале по 13 години
СледноСонот за опстанок се уште живее, Вулверхемптон го изненади шампионот