РК Алкалоид ќе биде организатор на натпреварите од Групата Б од Купот на Македонија

767

Откако беа извлечени групите за пласман фајнал фор завршницата во Купот на Македонија, сега се познати и домаќините, односно организаторите на групите.

Ракометниот клуб Алкалоид олучи да биде домаќин на групата Б, во која што секако партиципира и тој.

Во полуфиналето, Алкалоид ќе игра против тимот на Радовиш, дуел во кој секако е фаворит и се очекува да мине во следната фаза. Во истата ќе вкрсти со подобриот од дуелот помеѓу Пролет и Македонија ЃП.

Алкалоид е редовен учесник во завршницата од Купот на Македонија и во своите трибини веќе има еден пехар.

ПретходноДевојките до 17. години со победа над Луксембург
СледноРоналдо со својот приватен авион си замина од Саудиска Арабија