Дончиќ и Леброн за нова победа на ЛА Лејкерс, Њујорк стигна до 40 победи

182

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа третата последователна победа откако синоќа славеа дома против Њу Орлеанс со резултат 110:101. Лејкерсите до триумфот ги предводеа Лука Дончиќ со 27 и десет скока и Леброн Џејмс со 21 поен, додека кај поразениот тим најефикасен беше Зајон Вилијамсон со 24 поени.

Њујорк Никс го победија Торонто со 111-95 синоќа, што е нивната петта победа во последните шест натпревари во НБА. Никс беа предводени од Џејлен Брансон со 26 поени и десет асистенции, и Карл-Ентони Таунс со 21 поен и 12 скока. Никс станаа третиот тим во Источната конференција што стигна до 40 победи, приклучувајќи им се на на Детроит и Бостон.

Шампионот Оклахома го победи Чикаго на гостински терен со резултат од 116:108. Џаред Мекејн ги предводеше актуелните шампиони со 20 поени, по него следуваа Исаија Џо со 19, Арон Вигинс со 18 и Џејлен Вилијамс со 17 поени.

НБА резултати:

Шарлот – Далас 117:90
Кливленд – Детроит 113:109
Орландо – Вашингтон 126:109
Мајами – Бруклин 124:98
Торонто – Њујорк 95:111
Чикаго – Оклахома Сити 108:116
Минесота – Мемфис 117:110
Филаделфија – Сан Антонио 91:131
Лејкерс – Њу Орлеанс 110:101
Сакраменто – Феникс 103:114

ПретходноЧупиќ: Оставивме срце, раце на терен…
СледноКике Санчез Флорес ќе го спасува Алавес