Одбојкарките на Вардар ЕМ Скопје го приредија првото големо изненадување во Купот на ОФМ во женска конкуренција.
Вечерва во првиот натпревар од четвртфиналето со 3:0 (25:23, 25:20, 27:25) го елиминираа ланскиот полуфиналист и повеќекратен освојувач на куп-пехарот Работнички Скопје.
“Вардарки” претходно во осминафиналната рунда му земаа “мерка” на уште еден градски ривал и лански учесник на Ф4, Фит Фан Волеј.
Во неизвесен, на моменти и нервозен дуел, “црвено-црниот” тим остана мирен во клучните моменти и стигна до историски успех – пласман на Ф4.
Вардар ЕМ во пролетниот дел од сезоната игра во нагорна линија како во првенството, така и во Купот и дефинитивно ќе биде убаво освежување на финалниот турнир.










