Нема дилеми и тоа без конкуренција, дека Јетон Беќири е тренер на ова 21.коло. Стратегот на Шкендија, на актуелниот шампион успеа со своите избраници, вчера на ФФМ, и да му го нанесе првиот пораз во тековниот шампионат, секако и да ја прекине серијата на Вардар од 40 меча без пораз.
Сепак за Шкендија е најважно што сега на лидерот му се приближи само на бод и ја направи трката за титулата и тоа како супер интересна.
На мега – дербито Беќири одлично, маестрално го предводеше својот тим. Знаеше што треба да стори неговиот тим за да се победи, и тоа на гости, кај големиот ривал. Беќири и Шкендија максимално ги искористија сите слабости на Вардар и затоа успеаја да победат.
Јасно е зошто Јетон Беќири е тренер на колото.















