Истите четири состави кои минатата година игра ана завршницата на Купот на Македонија во одбојка во машка конкуренција, ќе ги гледаме и во годинешната Ф4 завршница. По одигрувањето на четвртфиналните средби синоќа се комплетираа патниците во полуфиналната рунда.
Освојувачот на Купот на Македонија, Штип УГД во четвртфиналето во три сет со максимален резултат славеше над екипата на Лирија (25:13, 25:10, 25:9). И преостанатите три тима кои во оваа рунда беа домаќини остварија максимални победи. Синоќа Работнички однесе победа над Универзитет во Тетово со 3:0 (25:21, 25:22, 25:23), а претходно максимални победи запишаа и екипите на ГОК Борец и шампионот Струмица.
Полуфиналните двојки ќе бидат дефинирани со ждрепка.
(М) КУП НА ОФМ – ЧЕТВРТИНАЛЕ:
Струмица 47&72 – Шкендија 3:0
ГОК Борец – Сушево 3:0
Штип УГД – Лирија 3:0
Работнички 71&22 – Универзитет во Тетово 3:0










