Смилковски му се извини на МЗТ Скопје

288

ТФТ не успеа да дојде до победа против Јахорина на гостински терен во рамките на последното коло од регуларниот дел на АБА2-лига и воедно да му помогне на МЗТ Скопје да има полсен пат во плсманот во осум екипи кои ќе ја продолжат битката за влез во елитната јадранска конкуренција.

Тимот од Тафталиџе беше поразен со 92-84, а после мечот тренерот Боро Смилковски му се извини на МЗТ Скопје.

„Честитки за заслужената победа на тимот на Јахорина. Знам дека ова е премин во втората рунда од натпреварувањето во АБА 2 лигата. Мислам дека апсолутно заслужено ја добија оваа игра. Игравме, мислам, најслабата прва половина од сезоната. Имаме некои причини, многу повредени играчи во тимот, не дојдовме тука комплетни. Сепак, претпоставувам дека одредена физичка исцрпеност доведе до губење на фокусот и дека тоа влијаеше на играта, каде што имавме 11 изгубени топки. Во првото полувреме ја завршивме играта со 9 асистенции. Она што можам да им го честитам на моите момци е што најдоа карактер да се борат до последниот момент од играта, иако веќе беше очигледно дека тимот на Јахорина ја доби оваа игра и дека ја намалија оваа разлика, што може да биде клучно за премин во втората рунда.

Би сакал да напоменам дека можеби сакавме да им дадеме подобар впечаток на нашите колеги од МЗТ Скопје, на кои им беше потребна нашата победа. Жал ми е, го поздравувам мојот колега, тренерот на МЗТ, што не можеше да го направи тоа и се надевам дека ќе бидеме подобри.“ продолжение на натпреварувањето во плејоф лигата“. 

ПретходноСелекцијата до 17 години поразена во дуелот против Северна Ирска
СледноРоналдо се спакувал – мора да оди во Мадрид