Џокерот на Конте: Елмас е вистински Хајлендер, не се плаши да игра на која било позиција!

1238
фото: Official SSC Napoli @sscnapoli (X)

Во апсурдната низа повреди што ги погодија клучните играчи на Наполи, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е џокерот на Конте кој пополнува се што треба да се пополни од дупките во првиот тим на наполитанците.

„Македонецот, кој пристигна летово од Лајпциг со опција за откуп, ги извршуваше практично сите позиции што ги бараше Конте во аскетска и концентрирана тишина: офанзивен играч од средниот ред, крило, плејмејкер. Што недостасува? Голман и бек. Конте всушност го кажа и тоа пред натпреварот против Спортинг, во полушега, но и полусериозно: „Можеби Елмас ќе игра и на позицијата бек“, пишуваат наполитанските медиуми.

Пофалбите за начинот на кој Елмас се справува со задачите на Конте стигнуваат од сите страни, а нашиот репрезентативец веќе станува неизбежно име во стартните 11 на Конте.

„Вистински Хајлендер од средниот ред кој често е неправедно критикуван за недостаток на голови (досега), но секогаш е добар секаде каде што е поставен. Против Торино ќе мора да го закотви средниот ред покрај Гилмор, бидејќи Лоботка, Мектоминај, Де Брујне и Ангиса се надвор од игра“, дополнија наполитанските новинари.

ПретходноМеси во Белата куќа кај Трамп: Го гледав Пеле, но ти можеби си подобар!
СледноМартин Манасков е нов ракометар на австрискиот лидер Алпла Хард