Мота и Де Зерби кандидати за клупата на Тотенхем

110

Поранешниот тренер на Јувентус, Тиаго Мота, би можел да го преземе Тотенхем доколку Игор Тудор добие отказ. Спарси исто така ја истражуваат опцијата за Роберто Де Зерби, кој неодамна го напушти Марсеј.

На списокот на кандидати за клупата на Тотенхем, според „Тутоспорт“, се и Шон Дајч (поранешен тренер на Нотингем Форест), Рајан Мејсон (поранешен тренер на Вест Бромвич Албион) и Роби Кин (Ференцварош).

По 29 кола, Тотенхем е на 16-то место во Премиер лигата, на еден бод од зоната за испаѓање.

ПретходноИ Кристијан Стојкоски во клубот – 300!
СледноПолувреме: Вардар води во Кратово, Шкендија со водство под Шара! (ВИДЕО)