ПМФЛ Полувреме: Иницијативата на Вардар крунисана со двојно водство

263

Во вториот меч од денешната ПМФЛ програма, а која што е дел од 25. коло, на Арената Тодор Проески во Скопје, тимот на Вардар на полувреме има водство од 2:0 против тимот на Македонија ЃП.

Вардар имаше целосна иницијатива на мечот, во кој создаде неколку сериозни шанси, а две искористи засега.

Во 31. минута Дарко Велковски реализираше, по соло акцијата на Торес, и интервенцијата на Јанков. Претходно шанси имаше Кастенада, и Закариќ.

Двојното водство го донесе токму Кастенада по една соло акција од лево во 42. минута.

 

ПретходноФА куп на Англија: Халанд со три гола му покажа кој е кој на Ливерпул
СледноВидео на колото во режија на Пелистер: Победа во Тетово = 3+