Футсал репрезентацијата се подготвува за квалификациите за СП

158

Футсал репрезентацијата на Македонија од денеска ги почнува подготовките за учество во првата фаза од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Предводникот на националниот тим Газменд Хисејини на мини подготовките пред заминувањето за Литванија на располагање ќе има 15 играчи, а на списокот се наоѓаат:

  1. Петровски Антонио
  2. Стојановски Иван
  3. Благојевски Марио
  4. Јасир Зекири
  5. Рамадани Берат
  6. Рамадан Јакуп
  7. Еркан Сефери
  8. Јанев Бојан
  9. Исмаил Таулант
  10. Јанев Димитар
  11. Крстевски Иван
  12. Садат Зибери
  13. Тони Киревски
  14. Игор Леовски
  15. Давид Ристoвски

Избраниците на селекторот Хисејини во Скопје ќе тренираат до седми овој месец по што следува заминување за Литванија каде во периодот од деветти до 12 април ќе одиграат три средби.

Прв противник на деветти ни е Бугарија, а почетокот е закажан за 16 часот и 30 минути. Следниот ден во истиот термин се среќаваме со селекцијата на Турција додека на 12. се соочуваме со домаќинот Литванија, а натпреварот почнува во 17 часот и 30 минути.

Мечевите се играат Друшкининкаи, град оддалечен 130 километри од престолнината Вилнус.

Пласман во главната рунда од квалификациите за настап на Светскиот шампионат обезбедуваат освојувачите на првите две места во групата.

ПретходноГоце Седлоски брои ситно, новиот шеф на Вардар веќе „напорно“ работи
СледноМеси: Дефинитивно ова ќе биде посебен ден за клубот (ВИДЕО)