ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Силекс)

55

И дефинитивно Александар Васоски, според “СпортСпорт“ е тренер на 26.коло во ПМФЛ. Стратегот на кратовци кои веќе одамна ги загубија сите шанси во битката за титулата, токму во Кавадарци покажа дека си ја знае и тоа како својата работа, на теренот каде тешко се освојуваат бодови а посебно кога домашниот тим на Тиквеш беше во одлична форма. Сепак гостите не само што победија со 0:3, туку просто го надиграа во целост кавадаречкиот тим а Васоски ја доби тренерската битка со поискусниот од себе, Борче Христов.

Силекс по “нотите“ на Васоски одигра зрело, мудро, тактички одлично, знаеше што сака и затоа така убедливо победи и затоа стратегот на кратовци е тренер на ова 26.коло.

ПретходноСупер-деби на Јасухира, Охрид го прегази Тиквеш
СледноПетковска во ТОП 5 најдобри одбрани според ЕХФ (ВИДЕО)