Главчев: Душко Вујошевиќ, ти благодарам за сето внимание, почит и посветеност што ни ја пружи

121

Европскиот кошаркарски свет е во тага поради заминувањето на кошаркарскиот тренерски маг Душко Вујошевиќ.

Искусниот стартег почина по долго и тешко боледување, а кошаркарскиот свет масовно се простува од него.

Со трогателен текст преку социјалните мрежи, почит оддаде и претседателот на Кошаркарската Федерација на Македонија, Томе Главчев.

„Со длабока тага ја примив веста за заминувањето на мојот голем пријател, но и еден од најголемите кошаркарски умови на овие простори, Duško Vujošević.
Дуле не беше само врвен тренер – тој беше човек со став, со принципи и со огромна љубов кон кошарката. Неговото знаење, енергија и посветеност оставија неизбришлива трага во развојот на многу генерации играчи и во самата игра.
За мене лично, ова е загуба на искрен пријател и човек од кој многу научив – не само за кошарката, туку и за животот.
Во периодот кога бев предводник на КК Кожув, без двоумење прифати да биде дел од еден пријателски турнир организиран во Гевгелија – мојот роден град и градот од кој потекнува Кожув. Тоа беше гест што никогаш нема да го заборавам.
Подоцна, кога го формирав Блокотехна, постојано беше тука – со совети, идеи и искрена поддршка околу кошарката. Неговата подготвеност да помогне и да сподели знаење беше нешто што ретко се среќава.
Посебно ќе го паметам и моментот кога, на еден голем пријателски натпревар помеѓу KK Partizan и Fenerbahçe Beko, кога на клупата на Фенербахче беше Željko Obradović, а Партизан го предводеше Дуле, Блокотехна беше поканета како гостин. Целиот тим имаше чест да биде дел од тој спектакл – уште еден доказ за неговата големина и човечност.
Ти благодарам за сето внимание, почит и посветеност што ни ја пружи.

Неговото дело ќе живее преку сите оние што ги создаде и инспирираше.

Почивај во мир, пријателе“ – напиша господинот Главчев.

Претходно„Би ги заменил петте титули во ЛШ за една со Бразил на СП!“
СледноНорвешка славеше во дуелот против Македонија