Нов „кикс“ на Реал, Барселона сега може и на плус 9

135
фото: LaLiga (X)

Фудбалерите на Реал Мадрид и Џирона ги поделија бодовите на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во 31-то коло од Ла Лига, ремизирајќи 1-1.

Реал доминираше во првото полувреме во кое имаше неколку добри шанси, но мрежите не се тресеа во првите 45 минути од натпреварот.

Валверде му донесе на Реал заслужено водство во 51-та минута и се чинеше дека сè оди по нивно темпо. Сепак, само 11 минути подоцна, Лемар ги запрепасти навивачите на стадионот во Мадрид со израмнувачки гол.

Иако Реал напаѓаше жестоко до крајот на натпреварот, со намера да победи, одбраната на Жирона издржа сите напади и гостите освоија голем бод на тежок натпревар на гостински терен.

Реал остана на второто место со шест бода помалку од Барселона, која исто така има натпревар помалку, додека Жирона е на 12-та позиција. Во следното коло, Реал го пречекува Алавес, а Жирона ќе го пречека Бетис.

Претходно„Чеканите“ со три големи бода во трката за опстанок