Хет-трик на Мален за нова победа на Рома

31
фото: AC Roma (X)

Фудбалерите на Рома запишаа нова победа во Серија А, откако вечерва на домашен терен со високи 3:0 славеа над екипата на Пиза. Момците на Гасперини со два погодока уште во првото полувреме дојдоа до предност од 2:0, а во вториот дел успеаја да погодат и третпат со што ја запечатија победата.

Мален имаше фантастична вечер постигнувајќи хет-трик. Првите два гола на Холанѓанецот дојдоа во 3. и 43. минута, а третиот ви 52. минута од мечот. Со оваа победа Рома се одржува на 6. место меѓу екипите кои се бората за излез во Европа следната сезона.

ПретходноМалерозниот Лаутаро повторно се повреди
Следно„Чеканите“ со три големи бода во трката за опстанок