„Чеканите“ со три големи бода во трката за опстанок

47
фото: Premier League (X)

Фудбалерите на Вест Хем извојуваа многу значајна победа во првиот меч од 32. коло во Премиерлигата. Вечерва во Лондон, „чеканите“ кои грчевито се борат за опстанок, со високи 4:0 славеа над Вулверхемптон.

Мавропанос го отвори резултатот со голот во 42. минута, предност со која Вест Хем замина на пауза. Во вториот дел домашните беа уште подобри и до крајот погодија уште трипати во гостинската мрежа. Кастељанос погоди двапати во низа за 3:0, а Мавропанос со својот втор гол во 83. минута ги постави конечните 4:0.

Со оваа победа Вест Хем го помина Тотенхем на 17. место на табелата.

ПретходноХет-трик на Мален за нова победа на Рома
СледноНов „кикс“ на Реал, Барселона сега може и на плус 9