По жалбата на Флик: Атлетико мора двапати да ја коси тревата на „Метрополитано“

405

Тревата на стадионот на Атлетико Мадрид за вечерашниот натпревар со Барселона во реваншот од четвртфиналето на ЛШ ќе биде искосена по жалбата која вчера ја доставија од каталонскиот тим. Вечерва, стадионот „Метрополитано“ ќе биде домаќин на реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а тревата мора да биде средена според прописите, откако главниот тренер на Барселона, Ханс-Дитер Флик, се пожали кај претставниците на УЕФА за висината на тревата и недоволната влажност.

Според новинарката Елена Кондис, тревата на теренот била искосена по тренингот на Барселона. Денес попладне, теренот повторно ќе биде искосен за да се осигури дека висината на тревата е во согласност со прописите. УЕФА се обврза да обезбеди висината на тревата да не надминува 26 милиметри до почетокот на мечот. Според прописите, таа не треба да надминува 30 милиметри.

Забележано е дека Атлетико ги сфатил поплаките на Флик како обид за зголемување на притисокот пред натпреварот.

ПретходноФудбалерките претрпеа втор пораз: Унгарија убедлива во Битола
СледноАко досегашните проблеми не беа доволно… заврши сезоната за капитенот на Тотенхем