Женската сенбиорска фудбалска репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз во квалификациите за пласман на СП во рамките на Лига Ц делот. Во групата „3“ попладнево на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, избраничките на Александар Андов беа убедливо поразени од Унгарија со 0:5.
Се беше решено уште во првите 45 минути, кога гостинките направија капитал од четири гола. Унгарија поведе преку Папаи во 3. минута, а во 9. минута Часни зголеми и на 0:2. Истата фудбалерка во 20. минута погоди за 0:3, додека Саваниа во судиското надополнување ја донесе својата репрезентација до предност и од 0:4.
Конечните 0:5 беа поставени во 88. минута кога Чики по петти пат ја погоди нашата мрежа.
Македонија во три одиграни натпревари во групата има два порази и една победа. Следниот натпревар ќе го одиграме против Унгарија на гости веќе на 18 април.










