
Според последните информации кои пристигнуваат од Лондон, тимот на Тотенхем останува без капитенот Кристијан Ромеро до крајот на сезоната.
Тој се повреди на дуелот против Сандерленд, и според информациите се работи за повреда на коленото односно на лигаментите.
Дефанзивецот би можел да отсуствува од пет до осум недели, а Тотенхем ќе објави точно колку ќе трае тој период во наредните денови.
Како што е добро познато, Тотенхем има огромни проблеми сезонава да безбеди опстанок во Премиер лигата и може лесно да се случи, следната сезона овој тим да игра во Чемпионшип.









