ЛШ – 1/4 финале: Јамал и Барса посакуваат чудо, на „Енфилд“ се верува во сензација! (ФОТО)

252
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Вечерва во стандарниот термин од 21 часот се играат првите два реванш меча од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите. Во Мадрид на “Метрополитано“ домашниот состав на Атлетико Мадрид има шанса која не се пропушта. Има предност во однос на Барселона од 2:0 “заработена“ минатата недела на првиот меч кој се одигра на “Камп Ноу“. Повеќе од јасно е дека Чоло Симеоне ќе го „паркира автобусот“ пред својот гол, ќе игра строго само одбрана и одбрана, а секако дека и домашните фанови нема да се бунат, најважно е да се мине Барселона и да се оди во полуфиналето.

Од друга страна Барса верува во чудо, а зошто да не? Растоварена од притисокот во Ла Лига околу титулата, сега Јамал и другариите мора да посекоја цена да атакуваат кон голот на “јорганџиите“.

Токму затоа ова ќе биде спектакл.

Да потсетиме дека победникот од овој двомеч во полуфиналето се среќава со подобриот од двомечот меѓу Арсенал и Спортинг.

На „Енфилд“ се верува во сензација. Ливерпул од 21 часот го пречекува ПСЖ. Гостите доаѓаат со предност од два гола, а и се во страшна форма/ “Редси“ ни од далеку не се тоа што треба да бидат, но сепак Ливерпул си е Ливерпул. ПСЖ својот тренер Луис Енрике е голем фаворит за пласман понатаму по тие 2:0 минатата недела на “Паркот на Принцовите“. Европскиот шампион во завршницата од сезоната влегува во ТОП форма. Во секој случај ќе биде супер интересно.

Да потсетиме дека победникот од овој двомеч во следната фаза ќе игра против подобриот од дуелот меу Баерн Минхен и Реал Мадрид.

ПретходноПромена на планот на подготовките кај мажите: Стартот е на 6. мај во Крушево
Следно“МТЕЛ“ СУПЕРЛИГА: Рикиќ е најдобар меѓу најдобрите во 1.коло од доигрувањето!