Мадрид со видео го потврди учеството на Ѓоковиќ!(ВИДЕО)

89
ФОТО:facebook.com/AustralianOpen

Мастерс турнирот во Мадрид го потврди учеството на Новак Ѓоковиќ во следните две недели со видео на социјалните мрежи. Ноле не играше на последните два Мастерс турнири, се повлече од Мајами и Монте Карло, но сега проблемот со повредата очигледно е решен. Трикратниот шампион на „Меџик бокс“, како што се нарекува стадионот во Мадрид, годинава играше само два турнира. На Отвореното првенство на Австралија, тој стигна до финалето, прво на Гренд слем турнирите по Вимблдон во 2024 година. Беше поразен од Карлос Алкараз во „Род Лејвер Арена“. Потоа стигна до осминафиналето во Индијан Велс, каде што беше запрен од бранителот на титулата Џек Дрејпер.
Ноле ја освои последната од трите титули во шпанската престолнина во 2019 година. Минатата година, неочекувано беше елиминиран на стартот од Италијанецот Арналди. Не беше секогаш задоволен од брзината на условите за играње во Мадрид поради надморската височина, но успеа да го надмине и тоа.
Како што стојат работите сега, сите најдобри тенисери во светот ќе играат во „Меџик бокс“.

ПретходноРаспоред на мечевите од 28.коло во ПМФЛ: Шампионот во петок ќе гостува во Кавадарци!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Борче Христов (Тиквеш)