ТИМ И ИГРАЧ НА 27.КОЛО: Сила покажа СИЛА во Струга

109

Тиквеш и дефинитивно ја откажа Струга ТЛ од битката за титулата. Кавадарчани одиграа одлично на гостувањето во Струга кај некогашниот шампион и успеја да слават со 1:2. Големи три за четата на стратегот Борче Христов. Играч на мечот, и не само поради голот, секако дека беше Н`фанли Сила, младиот напаѓач од Гвинеја. Беше перманентна опасснот по голот на фаворитот. И затоа според „СпортСпорт“, Сила е и играч на ова 27.коло.

Ендоставно Сила покажа СИЛА среде Струга.

Покрај него во тимот на колото се и неговите соиграчи Рамадани и Гуел, а тука се и Сиљановски и Дардишта (Арсими), Мелиќи и Ибраими (Шкендија), Ајдоган (МЃП), Додев (Силекс), Цветковски и Цветковиќ (Вардар).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

Н`ФАНЛИ СИЛА

Тим: Тиквеш

Роден: 02.02.2005 во Гвинеја

Кариера: Калум, Јениками, Генчлик, Думлуипинар, Тиквеш

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Борче Христов (Тиквеш)
СледноФИФА со специјална молба до Трамп за Мундијалот!