Ракометарите на Прилеп го добија дербито на плеј-аут групата во Суперлигата победувајќи го тимот на Е. Пелистер 2 со 29:26. Со оваа победа прилепчани се осамија на врвот на табелата со предност од 5 бода во однос на својот најголем конкурент кој беше совладан токму денеска.
Одличен меч за прилепчани одиграа Димитриоски кој постигна 8 гола и Шабановиќ кој средбата ја заврши со 7 погодоци. Кај гостите се истакна Бен Махфуд со 5, колку што имаше и Шулевски.
Претходно, ракометарите на МРК Куманово славеа во важен меч против Т. Пролет со 35:28. Омар Мамду со 10 гола ги предводеше кумановци до новата победа.
Екипата на Струга оствари очекувана победа над Радовиш со 33:26.










