ТФТ пред нова историја во АБА2-лига: Веруваме во себе!

167

Екипата на ТФТ се наоѓа на победа до нова историја. Денеска во салата „Лазар Лечиќ“ го пречекува составот на Сутјеска во вториот полуфинален натпревар за пласман во АБА2-лига. Македонскиот тим има предност од 1-0, откако на гостински терен дојде до голем триумф.

„Меч топка, на домашен терен. Моменталниот резултат не менува ништо, се уште играме против исклучително квалитетна и искусна екипа, играчи и тренер со голем број на вакви натпревари во своите кариери. На нас е да останеме присебни, да бидеме фокусирани на припремата и самиот натпревар. Правилен пристап и дисциплина во играта, сигурен сум дека ќе го дадеме својот максимум, но мораме да останеме со ладни глави и со концентрација на деталите. За крај веруваме во себе и во позитивен резултат во овој историски натпревар за нас и за Тафта“, изјави тренерот Боро Смилковски.

Македонскиот репрезентативец, Виктор Ташовски пак исто како својот тренер предупредува дека нема да биде лесно.

„Ја добивме првата средба на тешкото гостување, одигравме одличен меч и имаме предност од 1:0, но ништо не е завршено и свесни сме дека треба да одиграме уште подобро со многу концентрација и смиреност. Се надевам на полна сала и добра атмосфера и да избориме место во финалето“. 

Победникот од оваа двојка ќе игра против Широки во финалето.

ПретходноФлик: Горд сум на мојот тим! Немавме среќа!
СледноТежок удар за Лејкерси: Не знаат кога ќе се врати Дончиќ