ЛШ Полувреме: Пет гола во Минхен и се ќе стартува од „нула“, во Лондон без погодоци

88

Вистинска фудбалска голеада ни понудија актерите на реванш четвртфиналето во Минхен. Реал (М) со три гола успеа да ја анулира негатовата од првиот домашен меч, а Баерн (М) со оние два погодока за конечни 2:3 на крајот на првите 45 минути, практично од „нула“ ќе го започне вториот дел.

Реал дојде во предност со голот на Арда Ѓулер во 1. минута, по една почетничка грешка на Мануел Нојер. Павловиќ брзо израмни со гол по изведен корнер во 6. минута, но Арда Ѓулер со фудбалска мајсторија од слободен удар ги доведе гостите до 1:2 во 29. минута. Хари Кејн повторно ги врати насмевките кај домашните со голот во 38. минута за 2:2. Во завршницата по една сомнителна акција која следуваше по еден очигледен прекршок врз фудбалер на Баерн, Мбапе стрелаше во 42. минута за 2:3.

Bayern Munich 1-(2) Real Madrid – Arda Güler Freekick 29′
by
u/977x in
soccer

На вториот дуел во Лондон, Арсенал само тактички беше подобар од Спортинг. Шанси и голови не видовме. На пауза се замина со стартните 0:0.

ПретходноМурињо се враќа во Премиер-лига
СледноЃорческа со пресврт до победа на стартот на ИТФ турнирот во Порторож