Атлетико Мадрид е полуфиналист во Лигата на шампиони. Избраниците на Диего Симеоне на домашен терен беа поразени со 1-2 од Барселона, резултат кој не го урна нивниот сон за полуфинале во кое немаат учествувано од 2017 година.
Предводникот на Атлетико Мадрид не го криеше своето задоволство, неговиот тим е меѓу четирите најдобри во Европа.
„И покрај грешките што го направивме во првиот дел од мечот, успеавме да дадеме гол и да намалиме на 1:2. Тоа беше фантастичен погодок. Второто полувреме беше многу побалансирано. Играчите кои влегоа од клупата за резерви дадоа дополнителна свежина во играта и енергија. Фантастично е тоа што се пласиравме во полуфиналето и што сме меѓу најдобрите четири екипи во Европа“, вели Симеоне.
Атлетико Мадрид два пати играл во финале на ЛШ и во двата случаи губеше од градскиот ривал Реал Мадрид.
„Продолжуваме со целата верба и ентузијазам. Ги знаеме нашите добри, но и лоши страни. Подготвени сме да го направиме тоа за кое што работиме толку години. Чувствував нешто магично. Едноставно чувствувам дека може да ја освоиме Лигата на шампионите“, рече Симеоне.
Тој го коментираше и моментот со Јамал и даде интересна изјава:
„Јамал е добро и многу талентирано момче. Бараше натпревар еден на еден, па постигна гол во третата минута, а медиумите веќе ќе го крунисаа за крал на Европа. Сепак, во фудбалот, единственото нешто што е важно е кој е во ждрепката утре наутро. Медиумите сакаат да бидам преплашен од тинејџер затоа што прави трикови и дава самоуверени интервјуа. Ајде, ве молам…
Десет години морав да стојам на аут-линијата и да го гледам Кристијано Роналдо како постигнува хет-трикови за да го исфрли мојот тим од ова натпреварување. Тоа е вистински ужас. Ламине играше брилијантно вечерва, но реалноста е дека одиме во полуфиналето, а тој си оди дома да нè гледа на телевизија. Постои голема разлика помеѓу тоа да играш добра игра и да бидеш кошмар.“










