Ѓорческа со пресврт до победа на стартот на ИТФ турнирот во Порторож

50

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа од 2:1 во сетови (46; 63 и 62) го почна настапот на ИТФ турнирот во Порторож што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во првото коло со пресврт стигна до победата против Кајса Риналдо Персон од Шведска.

Првиот сет и припадна на противничката со 6:4 во гемови, а Ѓорческа го доби вториот сет со 6:3, откако ривалката поведе со 1:0, а македонската тенисерка направи серија од четири гема што и овозможи убава предност и се избори за решавачки сет. Во третиот сет Ѓорческа поведе со 4:0 во гемови и сетот го заврши со 6:2.

Мечот траеше 100 минути, а се играше и под рефлектори бидејќи поради лоши временски услови почетокот на мечевите доцнеше.

Противничка на Ѓорческа во второто коло ќе биде победничката од мечот Викторија Хрунцакова (Словачка) и Катарина Завацка (Украина). Овој меч се игра утре, а според програмата и мечот од второто коло треба да се игра утре.

ПретходноЛШ Полувреме: Пет гола во Минхен и се ќе стартува од „нула“, во Лондон без погодоци
СледноМегваер не смее да игра против Челзи