ФФМ со уникатен подарок за Чеферин – македонски шарпланинец! (ВИДЕО)

780

Денеска во посета на Фудбалската федерација е претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Откако заедно со првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ беа кај премиерот Христијан Мицкоски, заедно со своите први соработници, се одржа и работа средба во “Куќата на фудбалот“.

Таму покрај конструктивните разговори на Омерагиќ и Чеферин, претседателот на ФИФА се запозна и со “Куќата на фудбалот“, а Омерагиќ како добар домаќин од името на ФФМ, му подари на Словенецот – македонски шарпланинец. Уникатен подарок од кој Чеферин беше воодушевен.
Омерагиќ лично му подари слика од Лазар Личеноски, а Чеферин од ФФМ доби и дрес на Македонија со бр.23.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ

ПретходноОфицијално: Лео Меси си купи клуб од Каталонија!
СледноЕП 2026: Во групата Б почнуваме со Швајцарија, завршуваме со Норвешка!