Вечерва се одиграа пет натпревари од 38.коло и последно во регуларниот дел во Евролигата. Партизан на свој терен, пред своите фанови уште еднаш одигра одлично и успеа да слави над Басконија со 91:79. Иако одамна “црно-белите“ ги загубија сите шанси за пласман во плеј-инот или плеј-офот, сепак сезоната ја завршија во голем стил.
Црвена Звезда беше убедливо поразена како гостин од Реал Мадрид со 103:82. Па така по утрешните мечеви ќе знае од кое место ќе настапи во плеј – инот.
Фенербахче како гостин славеше кај Асвел со 76:81. Турскиот гигант си стави “печат“ на пласманот во плеј – офот. Макаби како домаќин беше поразен од Виртус со 85:89. Ова беше меч на две екипи од долниот дел на табелата. Олимпијакос на свој терен без проблеми го победи Милано со 85:76. Со ова тимот од Пиреја го “завери“ првото место по регуларниот дел и пласманот во плеј-офот.










