Шошкиќ има нов тим во НЦАА!

47
фото: Stony Brook Men’s Basketball (X)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Шошкиќ, во новата сезона во НЦАА ќе игра за друг клуб. Шошкиќ пред извесо време најави дека си заминува од Стоуни Брук, ама тогаш не се знаеше неговата следната дестинација во САД. Сега веќе е јасно, Македонецот има договор со Универзитот Јужна Флорида, и тоа беше разрешено денеска.

Јужна Флорида се натпреварува во Американската конференција, а последната сезона ја заврши на второто место.

Ова е чекор напред за Шошкиќ кој имаше фантастична сезона во дресот на Стони Брук.Македонецот во дресот на Стоуни Брук имаше во просек по 10, поени, 1,5 украдени топки, потоа 2,6 скока, 2,4 асистенци по натпревар. Бројки со кој Шошкиќ успеа да се наметне и да направи трансфер во поголен клуб.

ПретходноИнтервју со Чеферин: „Масар? Според мене тој својата работа ја извршува беспрекорно“! (ВИДЕО)
СледноНовак и Лука заедно го следат мечот Реал – Ц.Звезда!(ФОТО+ВИДЕО)