Бојан Блажески: Клучна беше нашата одбрана, ова е историја за Охрид!

216
ФОТО:facebook.com/hcohrid

ГРК Охрид е во финалето на Купот на Македонија. Охриѓани уште еднаш за кусо време славеа против Пелистер, сега во полуфиналето на Купот на Македонија и затоа честитки за овој тим кој едноставно беше далеку подобар од Пелистер и победи со 26:19.

Импресиите од овој полуфинален меч и победата над шампионот ги пренесе голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески:

Честитки за екипата на Пелистер и за фер и коректната игра, секако честитки за нашите момци. Мислам дека денеска изигравме една од подобрите средби оваа сезона. Сметам дека одбраната беше клучна за денешната победа, Пилиповиќ беше одличен на голот, нападот функционираше перфектно. Мислам дека можеме да одиграме уште подобар напад. Ќе видиме во недела против кого ќе играме, со Вардар или Алкалоид. Секако дека за нас ова е историја, секоја победа е историја за Охрид“ истакна Блажески.

ПретходноВо пресрет на Мундијалот: С.Арабија му врачи отказ на селекторот!
СледноФилип Кузмановски: Ова боли, самите сме си виновни!