Пелистер едноставно ги разочара своите фанови со поразот во полуфиналето во Купот на Македонија и тоа од Охрид. Се чини не толку поради поразот колку поради начинот на кој битолчани го одиграа овој меч во Струмица. Разочарувачки слабо, како овој тим да не е шампион на Македонија.
По средбата и капитенорт Филип Кузмановски имаше што да каже:
“Што да кажам, самите сме си виновни за овој пораз, ова навистина боли. Пелистер секогаш оди на победа на вакви мечеви, но денеска имавме лош ден. Едноставно одигравме лошо, од почеток до крај. Сега треба да останеме фокусиерани во финишот на сезоната во плеј-офот. Можам да кажам дека навистина ми е криво, треба да размислиме добро како го почнуваме натпреварот и како да се бориме до крај. Не бевме тој препознатлив тим како против Алкалоид. Честитки за Охрид и му посакувам среќа во финалето“ заврши Кузмановски.










