Гоце Георгиевски: Пресуди второто полувреме!

93

Вардар со 33:28 успеа да го победи Алкалоид во полуфиналето во Купот на Македонија вечерва во Струмица. Вардар ја оправда улогата на фаворит и заслужено против ГРК Охрид ќе се бори за уште еден трофеј во ова натпреварување.

Според искусниот Гоце Георгиевски, решавачко за победата било второ полуврмеме:

Беше еден добар натпревар и тежок. Игравме против противник со кого доволно се знаеме. Мислам дека второто полувреме пресуди. Во првиот дел гледавме еден понервиозен ракомет, понеизвесен, динамичен. Затоа во вториот дел уште од почеток го наметнавме своето темпо. Направивме разлика од 5-6 голови и тоа беше решавачко во тие први 10 минути од второто полувреме. Сакам да им честитам на моите соиграчи за пожртвуваната и дисциплинирана игра и посакувам во недела во финалето да играме вака, на победа“ истакна Георгиевски.

ПретходноДамјан Митев: Првото полувреме бевме одлични, потоа ни падна ритамот!
СледноНено солиден во поразот на Баерн од Барса, познати двојките во плеј-инот во Евролигата!