Фудбалерите на Силекс обезбедија висока и убедлива победа од 4:0 на натпреварот со Брера Струмица во воведот на 28. коло од Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на својотс тадион покажаа многу поголема желба за игра, а победата беше најавена со голот во 19. минута на Едис Бутуровиќ, по една мешаница во гостинскиот шеснаесетник.
Струмичани не успеаја да се опорават во вториот дел, а Силекс само ја капитализираше својата одлична игра со уште два брзи погодоци. Напрво во 48. минута со голот на Додев домашните зголемија на 2:0, додека во 59. минута Алиќ успеа да погоди и за предност од 3:0.
Конечите 4:0 ги постави Пиреш со погодокот во 69. минута на средбата.
Ова беше прв пораз за Брера во последните четири одиграни натпревари. Момците на Александар Васоски, пак, со оваа победа веќе нанижаа 52 бода и полека и се приближуваат на третопласираната Струга ТЛ.















