Тага во кошарката: Почина легендарниот Оскар Шмит!

85
ФОТО:facebook.com/estadao

Тага во светот на кошарката. Славниот Бразилец, Оскар Шмит, почина денес на 68-годишна возраст по долго боледување.
Семејството во соопштението наведува дека Шмит се борел со тумор на мозокот 15 години „храбро, со достоинство и упорност, останувајќи модел на решителност, великодушност и љубов кон животот“.
Шмит никогаш не заигра во НБА, но во неговиот роден Бразил е обожаван поради неговатите игри за националниот тим.
Ја започнал својата професионална кариера во 1974 година и најчесто играл за бразилски и италијански клубови.
Играл за Бразил на пет последователни Олимписки игри од 1980 до 1996 година, поставувајќи рекорд по бројот на поени. Тој беше и клучен играч во победата на Бразил над САД во финалето на Панамериканските игри во 1987 година.
Тој е најдобриот стрелец во историјата на Олимписките игри со повеќе од 1.000 поени, а беше прогласен за најдобар стрелец на Олимписките турнири во 1988, 1992 и 1996 година.
Шмит сè уште го држи рекордот за освоени поени во еден олимписки натпревар (55 поени против Шпанија во 1988 година), како и рекордот на Светското првенство (52 поени против Австралија во 1990 година).
Влезе во Куќата на славните во 2010 година, додека седум години подоцна беше примен и во Италијанската Куќа на славните.

ПретходноРК Вардар се засилува со среден бек од Франција?! (ФОТО)