Има договор: Ханси Флик во Барселона до 2028!

44
ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/

Иако до крајот на првенството остануваат седум кола, Каталонците имаат девет бода предност пред Реал Мадрид и се на одличен пат да ја одбранат титулата. Паралелно со битката на теренот, состаноците за иднината не престануваат во канцелариите на клубот, а главниот тренер Ханси Флик е клучна фигура. И покрај европскиот неуспех, германскиот тренер останува фасциниран од сегашниот состав и неговиот живот во Барселона.

Флик постојано ја споделува својата страст за сè што го опкружува клубот. Друга жешка тема што се дискутира во етерот на Радио Каталуња е обновувањето на договорот на тренерот. Пред неколку дена, Пини Захави, агентот на Германецот (чиј тековен договор е до 2027 година), ја посети Барселона. За време на преговорите, беше постигнат усмен договор за продолжување на обврската за уште една година – до 2028 година. Ова е експлицитна желба на самиот Флик, а се очекува официјалниот потпис да стане факт веднаш по завршувањето на Ла Лига. Важен детаљ е што овие разговори се воделе дури и пред елиминацијата од Лигата на шампионите, што ја докажува цврстата намера на двете страни да продолжат со заедничката работа без оглед на освоените трофеи.

ПретходноСасуоло победнички со Комо!
СледноКуп на Македонија: Вардар го победи Алкалоид и си закажа финале со ГРК Охрид!