Сасуоло го победи Комо со 2:1 во првиот натпревар од 33-то коло од италијанската Серија А. Со овој триумф, Комо ги загрози своите шанси за сензационален пласман во Лигата на шампионите. Тимот предводен од клупата на Цеск Фабрегас моментално е петти на табелата со 58 бода, додека четвртопласираниот Јувентус има два бода повеќе, со натпревар помалку од Комо. Сасуоло е на деветтата позиција со 45 бода.
Домашните беа многу подобри во првото полувреме и тоа им се исплатеше во финишот. Беше 42-та минута кога Сасуоло поведе со голот на Волпато. Две минути подоцна Нзолз зголеми на 2:0 а Нико Паз во 45+2. намали на 2:1.
Гостите имаа одлична можност да израмнат во 68-та минута. Мората веќе ја виде топката во мрежата, но во последен момент се појави голманот на домашниот тим Турати и акробатски интервенираше. Така го спаси триумфот за својот тим.










