Кумановци со голема победа на гостувањето кај Чаир

43

Куманово е се поблиску до обезбедување место во кошаркарската елита и следната сезона, откако вечерва на гостувањето против екипата на Чаир славеше со 83:91.

За Куманово оваа победа значи сигурно место во врвот на плеј-аут табелата и сериозна шанса да се реши местото на кумановскиот состав во елитното друштво и следната сезона.

Вечерва гостите беа подобри и заслужено славеа. Куманово издминира во првиот дел од мечот кога направи голема предност од 29:47, а Чаир во продолжението иако се обидуваше да се врати, јасно беше дека негативата е преголема.

Ѓуроски одигра извонредно и постигна дури 27 поени за Куманово на кои додаде и 3 скока и дури 6 асистенции. Кај екипата на Чаир Билингсли имаше 26 поени.

ПретходноТренто поразен, Андреј запиша 8 поени
СледноТотенхем прими гол во 95. минута и не победи, „бездната“ се поблиску (ВИДЕО)