ВМФЛ: Брегалница со огромен скок кон елитата, Скопје, Шкендија (А) и Охрид ГАЗЕА, Победа и официјално во трета лига!

337
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Попладнево се одиграа седум натпревари од 25.коло во ВМФЛ. Голема, екстра значајна победа на лидерот Брегалница и тоа на гости кај Детонит со 0:1. Со овие три бода штипските “сини“ направија огромен скок кон елитата, ова беше незгодно гостување за нив, но ете, ја продолжија победничката серија. Сега Брегалница има 58 бода, два повеќе од Охрид, Скопје и Шкендија (А) на пет кола до крајот.

Токму овие три екипи посто ГАЗЕА попладнево. Скопје со 7:0 ја победи Саса, Охрид со 6:1 славеше против Преспа а Шкендија (А) со 5:0 ја победи прилепска Победа. Се разбира дека овие три екипи очекуваа кикс на Брегалница, но не дочекаа.

Со овој пораз некогашниот гигант, Победа, и официјално испадна од ВМФЛ и во следната сезона ќе игра во трета лига. Каков срам за фудбалски Прилеп, кој некогаш важеше за најфудбалскиот град во Македонија. Покрај Победа денеска официјално испаднаа и Преспа и Слога Виница.

РЕЗУЛТАТИ – 25.КОЛО

Беласица – Кожув 0:0

Детонит – Брегалница 0:1

Скопје – Саса 7:0

Охрид – Преспа 6:1

Осогово – Тетекс 2:1

Шкендија (А) – Победа 5:0

Слога (В) – Вардар (Н) 3:3

УТРЕ,15:30 Ч

Г.Коњари – Новаци

ПретходноПМФЛ: ЗЛАТНА победа на Пелистер во битката за опстанок!(ВИДЕО)
СледноОхриѓани подготвуваат инвазија на Струмица