ВМФЛ: Шкендија (А), Скопје и Охрид пред лесни победи, Брегалница ја чека тешко гостување кај Детонит

96

Денеска се играат седум меча од 25.коло во ВМФЛ и тоа од 15:30 часот, додека утре се игра само еден меч.

Во секој случај ќе биде интересно иако навидум нема некое дерби во ова 25.коло. Штипска Брегалница и во ова коло влегува како лидер и ја чека тешко гостување кај Детонит во Радовиш.

Шкендија (А) игра дома со Победа, Скопје ја дочекува Саса а Охрид се среќава на свој терен со Преспа. Домаќините на овие средби кои се на делба на втората позиција не би требало да имаат проблеми околу освојувањето на трите бода.

Со оглед на тоа дека до крајот остануваат уште шест кола, ако го сметаме и ова 25., тогаш јасно е дека во случај на пораз екипите на Победа, Слога (В) и Преспа и официјално ќе испаднат и заедно со Г.Коњари следната сезона ќе играат во Третата лига. Петтиот тим за испаѓање најверојатно ќе биде Вардар (Н) кој сепак има некои теоретски шанси.

ДВОЈКИ ЗА 25. КОЛО – ДЕНЕСКА (15:30 Ч)

Осогово – Тетекс

Шкендија (А) – Победа

Беласица – Кожув

Слога (В) – Вардар (Н)

Детонит – Брегалница

Скопје – Саса

Охрид – Преспа

НЕДЕЛА, 15:30 Ч

Г.Коњари – Новаци

ТАБЕЛА

Брегалница 55, Охрид 53, Скопје 53, Шкендија (А) 53, Беласица 48, Детонит 44, Осогово 44, Новаци 40, Кожув 35, Тетекс 33, Саса 29, Вардар (Н) 18, Преспа 12, Слога (В) 11, Победа 11, Г. Коњари 7.

ПретходноИсториски крах: Италија првпат по 39 години без тим во европските полуфиналиња!
СледноВардар има задача да го одработи дуелот со Шкупи