Гостивар по продолжение подобар од Работнички

51

Кошаркарите на Гостивар славеа на дуелот со Работнички во дербито од плеј-аут зоната во домашниот шампионат. Откако во регуларниот дел од мечот немаше победник (59:59), гостиварци многу подобро го одиграа продолжението во кое успеаја да дојдат до голема победа од 75:70.

Во регуларниот дел од мечот Работнички беше блиску до победа, но во решавачките моменти Костовски не успеа да погоди за победа при резултат 59:59. Тој имаше шут за три поени, но не беше прецизена на 4 секунди до крајот.

Во дополнителното време се разиграа Грегори, Црниќ и Димитриевски и на крајот успеаја да му донесат победа на домашниот состав. Работнички се уште е во добра позиција за опстанок, но ќе мора да победи на останатите дуели.

Црниќ и Димитриевскиз авршија со по 17 поени кај Гостивар, додека кај Работнички Рикиќ имаше 19, а Костовски 18 поени.

ПретходноЛацио слави, Наполи ја „предаде“ титулата
СледноТренто поразен, Андреј запиша 8 поени