Денеска во Струмица продолжуваат натпреварите во Купот на Македонија, на програмата се двата полуфинални дуели во женска конкуренција.
Бранителот Ѓорче Петров ќе ги одмери силите со Пелистер, мечот е закажан со почеток во 17 часот. Во втората полуфинална двојка Спартак игра против Чаир, мечот стартува во 20 часот.
Ѓорче Петров оди по 19 титулата, додека Пелистер, Спартак и Чаир по историја.
Билетите веќе одамна се во продажба и истите за двете средби се продаваат по цена од 400 денари.










