Маџари со „стотка“ слави во Кавадарци

50

Кошаркарите на Маџари со извонредна завршница успеаја да дојдат до голема победа на гостувањето во Кавадарци против екипата на Тиквеш со 97:100 со што повторно остануваат во игра за место во полуфиналето на плеј-офот во домашниот шампионат. Маџари одигра многу мудро во второто полувреме во Кавадарци, откако домашните имаа извонредно отворање на мечот во првите две четвртини и на полувреме имаа одлична предност од 10 поени (51:41).

Гостите од Скопје полека ја топеа негативата, а во последната четвртина на две и пол минути пред крајот успеаја да стигнат до егал (93:93). По ова следуваше фантастична серија од 0:5 (93:98) и клучна предност пред последните четириесетина секунди од мечот. До крајот домашните се обидоа со шутеви за три поени, но не успеаја да стигнат до пресврт.

Грин со 27 и Луис со 21 поен беа лидери во победничкиот тим, додека кај Тиквеш Мајнси заврши со 22 поени како најефикасен.

Во плеј-аут зоната, натпреварот меѓу Гостивар и Работнички отиде во продолжение, откако во регуларниот дел немаше победник – 59:59.

ПретходноУнгарките повторно убедливи во дуелот против Македонија
СледноЛацио слави, Наполи ја „предаде“ титулата