Потврда и од РФМ: Регионалната лига ќе стартува во 2027!(ФОТО)

196
ФОТО:.facebook.com/rfmofficial

Дека ќе има регионална ракометна лига и тоа како ќе има, но од септември 2027 или за сезоната 2027/28. Денеска во Скопје имаше состанок на кој учествуваа ракометни сојузи и релевантни клубови на кој беше постигна значаен исчекор кон унапредување на соработката и развојот на ракометот.

За ова се огласи и РФМ кој попладнево искочи со своја реакција на оваа тема:

Претставници на ракометните сојузи и релевантни клубови од регионот одржаа состанок на кој беше постигнат значаен исчекор кон унапредување на регионалната соработка и развојот на ракометот.

На состанокот беше усогласено дека од сезоната 2027/28 ќе бидат формирани регионални лиги во полн формат, и тоа во двете конкуренции, со што се отвора ново поглавје во квалитетот на натпреварувањето, развојот на играчите и целокупната промоција на ракометот во регионот.

Во женска конкуренција, регионалната лига ќе опфати по две екипи од пет држави – Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија. Во машка конкуренција е предвидено учество на по четири клуба од Србија и Македонија, како и по два клуба од Црна Гора.

Како преодно решение, договорено е во сезоната 2026/27 да се организира натпреварување во скратен формат. Деталите и моделот на тоа натпреварување ќе бидат дополнително усогласени на наредниот состанок, кој ќе се одржи во Подгорица на 20 мај.

Учесниците на состанокот изразија големо задоволство од постигнатиот договор, со уверување дека регионалните лиги ќе донесат поголема конкурентност, атрактивност за публиката и дополнителен поттик за развој на ракометот во регионот.

Заклучено е дека ова претставува важен чекор кон создавање стабилен и квалитетен систем на натпреварување, кој долгорочно ќе биде од корист за клубовите, играчите и навивачите“ истакнаа од РФМ.

ПретходноДориев двоен стрелец за Согдиана!
СледноПолувреме во Куманово: Компаоре за водство на Струга ТЛ, Башкими остана со играч помалку!