Дориев двоен стрелец за Согдиана!

44

Македонскиот репрезентативец, Љупче Дориев и дефинитивно е во страшна голгетерска форма во новата сезона во елитната лига во Узбеистан. Па така Македонецот денеска во меч од 8.коло и тоа дома, постигна два гола против составот на Бунјодкор и тоа во 4. и 26.минута за 2:0, но сепак ова не беше доволно Дориев да се израдува на победа со оглед на тоа дека гостите направија пресврт и победија со 2:3. Осо овие два гола сега македонскиот репрезентативен напаѓач има 5 голови и е на второто место на листата на стрелците, запиша и една асистенција.

Нема што, Дориев игра одлично во Узбекистан.

ПретходноПМФЛ: Работнички го победи Арсими и остана ЖИВ во битката за опстанок!
СледноПотврда и од РФМ: Регионалната лига ќе стартува во 2027!(ФОТО)